August 11, 2025

Северна Македонија, Албанија и Косово се соочуваат со пожари поради високите температури

Северна Македонија, Албанија и Косово се соочуваат со ризици од пожари поради високите температури кои го зафатија Западен Балкан последниве денови.

– Северна Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Северна Македонија објави дека денес во земјата до 09:00 часот се регистрирани 22 пожари, од кои 21 се изгаснати, а еден останува активен.

Станува збор за пожарот што избувна во Националниот парк Јасен, во подрачјето на Општина Македонски Брод, каде гори мешана шума.

Пожарот со помош на два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а подоцна и со два полициски хеликоптери пред стемнување, бил ставен под контрола, по што и целосно бил изгаснат, без знаци за горење. Од страна на вработените од Јасен била извршена контрола и не биле забележани знаци на горење, но во текот на ноќта пожарот повторно се реактивирал. Рано наутро екипите на Јасен повторно излегле на терен и почнале со гаснење на пожарот. Гаснењето го започнале два полициски хеликоптера, а нешто подоцна се вклучиле и два „ер трактори“ на ДЗС.

Од ДЗС посочуваат дека и покрај исклучително тешкиот терен, се прават напори пожарот да биде ставен под контрола во текот на денешниот ден, нагласувајќи дека теренските услови не дозволуваат употреба на специјалните возила на ДЗС.

Претходно, Владата на Северна Македонија ја продолжи вонредната состојба за уште 30 дена, поради континуираниот ризик од пожари, одржувајќи ја забраната за движење во шумите до 31 август.

– Албанија

Во Албанија, во последните 24 часа се регистрирани 38 пожари во различни делови од земјата, од кои 7 остануваат активни, информираат локалните медиуми.

Пожарите принудија евакуација на десетици семејства во округот Валона, во јужна Албанија.

– Косово

Вчера, Косово пријави влошување на состојбата со пожарите, барајќи помош од КФОР за нивно гаснење.

Агенцијата за управување со вонредни состојби објави дека во рок од само шест часа во текот на вчерашниот ден, во земјата се регистрирани 40 пожари, од кои 25 се локализирани.

Најкритична ситуација е забележана во селото Думница во Подуево, каде што пожарникарите од Приштина, Вуштри и Митровица се интензивно ангажирани, а побарана е и воздушна интервенција од КФОР, објави Агенцијата за управување со вонредни состојби.

Read Previous

Четворица повредени во вчерашниот вооружен инцидент во Тетово