August 11, 2025

Четворица повредени во вчерашниот вооружен инцидент во Тетово

Министерството за здравство информира дека во врска со вчерашниот настан во Тетово, на хируршките клиники во Скопје беа примени четири пациенти со тешки телесни повреди.

– На КАРИЛ – примен 32-годишен пациент со прострелна рана во предел на граден кош, тешка телесна повреда.

– На Детска хирургија – применo 12-годишно дете со прострелна рана во предел на десна натколеница.

– На Торакална хирургија – примен 37-годишен пациент со прострелна рана во предел на граден кош.

– На Трауматологија – примен 60 годишен пациент со скршеница на десна потколеница.

Сите пациенти се згрижени и им се укажува соодветна медицинска помош.






ТV21

Read Previous

Илјадници туристи заглавени во Грција на пристаништето Пиреја

Read Next

Северна Македонија, Албанија и Косово се соочуваат со пожари поради високите температури