
Средбата ќе се одржи во замокот Хилсборо, недалеку од Белфаст, и е дел од пошироките разговори што ги организира Велика Британија за градење отпорност, соочување со нелегалната миграција и поттикнување на економскиот раст.
„Министерот за надворешни работи Дејвид Лами од 8 октомври во Белфаст ќе пречека повеќе од 15 европски министри, кои ќе разговораат за промоција на мирот, стабилноста и соработката во Западен Балкан, зајакнување на колективната безбедност на Европа“, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.
Zurnal