
Жена на возраст од 75 години од Македонија, вчера попладне била извлечена без свест од плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, на Халкидики, јавуваат грчките медиуми.
Според крајбрежната стража, на жената македонска државјанка и била укажана лекарсна помош на лице место од екипажот на ЕКАБ, а потоа била префрлена во здравствениот центар Неа Мудања, каде што била констирана смрт.
Судско-медицинската служба на Солун нареди обдукција на жртвата, за да бидат утврдени точните причини за смртта.