August 5, 2025

Поднесени пријави против лица кои дивееле со автомобил по скопските булевари

Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека веднаш се преземени мерки и активности и лицата се пронајдени, извршен е службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

 Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165  став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП.

СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.






TV21

Read Previous

Шкендија ги дозна можните противници за плејофот во ЛШ и ЛЕ во зависност од исходот со Карабах

Read Next

Србија ја обвини Бугарија за длабока шпионажа и субверзивна мрежа