August 5, 2025

Шкендија ги дозна можните противници за плејофот во ЛШ и ЛЕ во зависност од исходот со Карабах

Во зависност од исходот на двомечот со Карабах, Шкендија ќе игра плејоф за пласман во Лигата на шампионите или Лига Европа, македонскиот тим денеска ги дозна можните противници.

Шкендија утре ја почнува битката со Карабах во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Ако го елиминира Карабах, Шкендија ќе игра во плејофот за пласман во лигашкиот дел од Лигата на шампионите, а таму противник ќе им биде победникот од пресметката меѓу Лудогорец и Ференцварош.

Доколку загуби од Карабах, Шкендија ќе игра во плејофот за пласман во лигашкиот дел од Лига Европа, а таму противник ќе им биде поразениот од дуелот меѓу Лудогорец и Ференцварош.






Skopjeinfo

Read Previous

Силна нестабилност со дожд, ветер и град во поголемиот дел од земјава