
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 04.08.2025 година (денес), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје.
Терестричната дезинсекција против комарци ќе се врши од 04.08.2025 година (денсе) до 07.08. 2025 година (четврток), од 22 до 03 часот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
ТV21