
Голем пожар доцна синоќа ја зафати скопската населба Лисиче, при што целосно изгореа две куќи, а една е делумно оштетена.
Според првичните, неофицијални информации, огнената стихија избувнала на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ“, во една од бараките, од каде се проширила со голема брзина.
Гаснењето било дополнително отежнато поради азбестните плочи што биле дел од покривната конструкција на објектите, што создало опасност и за самите пожарникари.
Неофицијално, пожарот започнал од фрлен пикавец, а потоа молскавично се проширил на околните бараки, предизвикувајќи сериозна материјална штета и паника кај жителите.
Според информациите едно лице во чиј дом наводно започнал пожарот, е потешко повредено и е пренесено во болница.
Фокус