July 15, 2025

Свечена церемонијата на доделување сертификати за летната школа организирана од здруженијата „Ќопру“ и „Енсар“

Во Скопје се одржа завршна церемонија и доделување сертификати на летната школа организирана за ученици од основно образование со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Претставници на турски и локални институции и организации во земјата, како и ученици, учествуваа на церемонијата на доделување сертификати за летната школа организирана од здруженијата „Ќопру“ и „Енсар“ со седиште во главниот град на Северна Македонија.

Координаторката на ТИКА во Скопјe, Февзије Шејма Бабајигит, во својот говор рече дека оваа програма за обука, која им е дадена на 131 ученик на возраст од 7 до 14 години, не само што обезбедила знаење, туку и општествена одговорност и култура на меѓусебно споделување.

Бабајигит рече дека ТИКА е свесна дека секоја поддршка и инвестиција во образованието придонесува за иднината на една земја, додавајќи: „Овој проект за летна школа беше обликуван со ова сфаќање. За нас е голема чест да го поддржиме развојот на младите умови, да ја зголемиме нивната самодоверба и чувството за одговорност.“

Хусрев Емин, претседател на Здружението „Ќопру“, го изрази своето задоволство што се стигна до последната фаза од овогодинешниот проект, кој го започнаа пред 18 години во партнерство со здружението „Енсар“ за пренесување на националните и духовни вредности: „Се надевам дека летната школа, која ја гледаме како важен фактор во идентитетот на нашите деца, како во однос на личниот развој, така и во однос на религиозната и цивилизациската историја, ќе им биде од корист.“

Говорејќи во име на Здружението „Енсар“, Билал Ибиш, потсети дека часовите ги воделе 12 наставници, и истакна: „Кога ја разгледуваме содржината на овие часови, гледаме дека нашите наставници се обиделе да им пренесат на нашите ученици разни теми како што се Куранот, молитвата, моралот, биографијата на (божјиот) Пратеникот, однесувањето и литературата“.

По говорите, 131 ученик ги добија своите сертификати од летната школа што се одржа помеѓу 23 јуни и 11 јули.

Read Previous

Опожарени шест куќи во Скопје – 7 лица во болница

Read Next

Бугарија не го кочи патот на Северна Македонија кон ЕУ, чека исполнување на критериумот за рамноправност на Бугарите