July 12, 2025

Георгиев: Бугарија е фактор во ЕУ, тоа Северна Македонија мора да го има во предвид

„Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, a тоа Северна Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Северна Македонија засега е само кандидат“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“.

Во разговор за bTV, шефот на бугарската дипломатија потсети дека спорот за историјата им бил оставен на историчарите кога бил потпишан Договорот за пријателство и добрососедство.

„Темите поврзани со јазикот и идентитетот треба да ѝ припаѓаат на научната заедница. Имаме заедничка историја и ова не треба да биде присвојувано од никого“, рече министерот за надворешни работи.






Skojpeinfo

Read Previous

Голем пожар на грчкиот остров Тасос, евакуирани туристи, огнот ставен под контрола, но опасноста останува

Read Next

Акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени седум странски државјанки