
Премиерот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почеток на изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција. На свечениот настан со кој симболично е означен почетокот на изградбата на интерконекторот за пренос на природен гас меѓу Македонија и Грција, премиерот имаше и свое обраќење.
„Денес отпочнуваме со уште една капитална инвестиција за државата. Денес не го поставуваме само почетокот на изградба на еден гасовод, туку го поставуваме почетокот на еден нов енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас. Она не е само инвестиција во цевки и бетон туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава. Во нејзиниот целокупен економски развој и во најзината просперитетна иднина, изјави Мицкоски.
Премиерот истакна дека преку реализацијата на овој проект како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останатите наши соседи стануваме значајна енергетска крстосница.
„Очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред се за македонските граѓани и домашната економија, потенцира Мицкоски.
Овој стратешки проект се реализира со поддршка на Европската унија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Skopejinfo