July 3, 2025

Муцунски на бизнис форумот: Соработката со Италија е наш стратешки приоритет, потенцијалот за инвестиции е присутен

„Економската политика е еден од клучните стратешки приоритети на нашата Влада, и изразив уверување дека ние, како институции, сме вистински партнери на компаниите – подготвени да понудиме целосна поддршка и да го олесниме процесот на реализација на нивните деловни планови и идеи.“, истакнал денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на македонско-италијанскиот бизнис форум.

Како што посочи Муцунски, за него претставувало особена чест што денес биле домаќини на македонско-италијанскиот бизнис форум, на кој присуствува и заменик-министерката за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, Марија Триподи, и кој претставува практична реализација на иницијативата што, како што вели, ја покренале заедно со неговиот италијански колега, Антонио Тајани.

„Италија е не само значаен економски и политички партнер, туку и наш долгогодишен пријател и поддржувач. Форумот ја отвора вратата за нови можности и поттикнува директна деловна соработка меѓу бизнис-заедниците на двете земји. Нашата заедничка цел е јасна: да изградиме посилна и поперспективна иднина за нашите земји и граѓани. Соработката со Италија е наш стратешки приоритет – таа е осми трговски партнер по обем, а во 2024 година трговската размена достигна речиси 686 милиони евра. Потенцијалот е присутен, а веќе постојат бројни успешни италијански инвестиции во нашата земја, кои ќе продолжиме да ги поддржуваме, истакна Муцунски во својата објава на социјалните мрежи.






Skopjeinfo

Read Previous

Мечка нападна жена на шумски пат во тетовско

Read Next

Србија ги зголемува патаринските цени, повисоки за 4,2% од 4 јули