June 30, 2025

Од утре стапува на сила забраната за движење во шумите, казни до 2000 евра

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека од утре стапува во сила забрана за движење во шумите и ќе важи до крајот на август. За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, како што посочуваат од Министерството, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2025 година и ќе трае се до 31.08.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат“, соопшти МЗШВ.






Skopjeinfo

Read Previous

Второ електронско пријавување за полуматурантите за учебната 2025/2026 година

Read Next

Просечната нето плата во Црна Гора надмина 1.000 евра во мај