August 12, 2025

Предлог Законот за Судски совет е во владина процедура

Предлог Законот за Судски совет е прикачен на е-Влада а Министерството за правда го доби и мислењето од Венецијанската комисија. Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно за нас е што Комисијата го препозна транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучување на сите клучни чинители. Тоа е потврда дека одиме во вистински правец и дека нашите реформи се усогласени со европските стандарди. Овој пристап директно придонесува за зајакнување на довербата во законодавниот процес и во правосудството во целина, велат од Министерство за правда.

„Ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството.

Клучни новини кои се предвидени со Законот:

Се предвидува јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна.

Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“. Истакнати нови, појасни квалификации.

Воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност.

Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите.

Унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ.

-За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега директно одговараме на таа препорака.

Очекуваме Предлог Законот за Судски совет наскоро да биде усвоен во Собрание, како што и беше предвидено“, велат од Министерството за правда.






TV21

Read Previous

Британскиот бенд „Масив атак“ упати порака за поддршка на Палестина на концертот во Србија

Read Next

Од јули стартува проектот за е-фактура, во текот на 2026 година ќе стане целосно задолжително