June 26, 2025

Трагедија во Грција: Се удави 19-годишник од Македонија

На централната плажа во туристичкото место Ханиоти на Халкидики во Грција, се удавило 19-годишно момче од Македонија, пренесува порталот Халкидикињуз.

Според извештајот на волонтерот, младото лице доживеал срцев удар по давење.

Локалниот спасувач веднаш интервенирал и го извлекле младото лице на плажа, и веднаш е почната реанимација со дефибрилатор.

Неколку минути подоцна на местото на настанот пристигнал уште еден спасувач кој учествувал во напорите за враќање во живот на 19-годишникот. Пристигнала и екипа на брзата помош, меѓутоа од младиот човек немало реакција.

Деветнаесетгодишникот бил префрлен во Здравствениот дом Касандрија, но лекарите за кратко време констатирале смрт.

Read Previous

НАТО донесе историска одлука: Се обврзува да троши 5% од БДП за одбрана до 2035 година

Read Next

Средба на претседателот Гаши со делегацијата на Големото турско национално собрание