June 21, 2025

Просечната плата порасна за 10,6% во април, најмногу во здравство и образование

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2025 година изнесувала 45.452 денари, што претставува зголемување од 10,6 проценти во однос на истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците, најголем придонес за растот на просечната плата дале секторите здравство и социјална заштита со зголемување од 14,7 проценти, образованието со раст од 14,4 проценти и административните и помошни услужни дејности со 13 проценти.

Во споредба со март 2025 година, исто така е регистрирано зголемување на просечната плата во одделни сектори. Најмногу пораснала платата во секторот информации и комуникации за 4,2 проценти, потоа административните и помошни услужни дејности со 3,9 проценти и здравството и социјалната заштита со 3,8 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2025 година изнесува 68.294 денари.

TV21

Read Previous

Дизелот од ноќеска на полноќ повторно поскапува за два денари

Read Next

Проектот „ЕУ за млади“ има значаен придонес во развојот на стручното образование и обука во државата