
Регулаторната комисија за енергетика повторно ја зголеми цената на дизелот. Од ноќеска на полноќ ќе се продава за 72 денари литар. Ова поскапување е второ во период од 2 дена откако вчера исто така беше зголемен за 2,5 денари. Цената на бензините останува иста.
РКЕ соопшти дека со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати што беа утврдени вчера.
Skopjeinfo