June 20, 2025

Влада: Ја зголемуваме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија

Владата преку соопштение информира дека на 50тина училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели. Ова се прави со грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија кој е склучен од Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа.

„Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други инфраструктурни проекти, дигитални помагала за учениците во училиштата, како и за учебници.
Нашата заложба како Влада е да ја зголемиме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија.Со конкретни чекори, мерки и проекти, не само што заштедуваме буџетски средства, туку и придонесуваме за намалување на загаденоста на животната средина. Владата работи со визија и цел, а тоа е подобрување и унапредување на образовниот систем. Се обврзавме пред граѓаните, реализираме и исполнуваме. Државата е на патот на промените“, се вели во соопштението на Владата.






Skopjeinfo

Read Previous

Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром

Read Next

Синдикалната минимална кошница во јуни достигна над 64.000 денари