June 20, 2025

Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром

Авион на „Рајанер“, кој летал од Лондон, претрпел значителна штета откако едно од крилата удрило во метална ограда по слетувањето во јужниот грчки град Каламата. Немало повредени меѓу патниците и екипажот.

„Боинг 737“ полетал од лондонскиот аеродром „Стенстед“, а при слетувањето во Каламата се соочил со лоши временски услови. Еден извор изјавил за весникот „Сан“ дека пилотот ги предупредил патниците дека слетувањето би можело да биде грубо.

Според авиокомпанијата, крилото било оштетено при контакт со периметарска ограда, додека авионот се движел по слетувањето. Итните служби на аеродромот веднаш реагирале поради првичната загриженост дека би можел да избувне пожар. Патниците останале на своите места додека не биле направени сите проверки.






СДК

Read Previous

На Богородица задржувањето од македонска страна е околу 40 минути

Read Next

Влада: Ја зголемуваме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија