June 16, 2025

7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно – странски државјанин измамен во Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека во саботата во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х.(43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до Средно Водно, бил измамен од возачот, кој за услугата му наплатил 7.800 денари.

„Откако пријавителот сфатил дека бил измамен, таксистот се однесувал агресивно кон него и со возилото го напуштил местото на настанот.“, информираат од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.





Skopjeinfo

Read Previous

Алиу открил 57 предизвици во здравството, фокус на онкоболните пациенти