June 13, 2025

Амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, оствари средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски

Во соопштението од Амбасадата на Турција во Скопје по повод средбата, се наведува:

„За време на посетата на нашиот амбасадор Фатих Улусој на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, беа разгледани теми поврзани со соработката меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, како и прашања од областа на одбранбената индустрија. Притоа беше потенцирано значењето на унапредувањето на односите меѓу двете пријателски и сојузнички земји во овие области.

Изразуваме благодарност до министерот за неговото љубезно гостопримство.“

Read Previous

Косово објави дека ќе прими 50 мигранти депонирани од САД

Read Next

Македонското МНР со сочувство до Индија по трагедијата