
Косово го прифати барањето од САД и привремено ќе прими 50 мигранти од трети земји, кои ќе можат да останат една година.
„За период од една година, најмногу 50 поединци ќе бидат привремено сместени во Косово, со цел да се осигура нивно безбедно враќање во нивната татковина“, објави косовската влада.
Веднаш по враќањето во Белата куќа во јануари, Доналд Трамп започна со плановите за масовни депортации на мигранти, исполнувајќи го своето предизборно ветување дека ќе ја запре илегалната имиграција. „Блумберг“ неодамна објави дека Трамп побарал од Србија и другите балкански држави да примат мигранти депортирани од САД.
Косовската влада ги пофали САД како „цврст сојузник“ и го поздрави повеќедецениското партнерство.
„Ние ќе избереме поединци од предложениот список, под услов да ги исполнуваат специфичните критериуми поврзани со владеењето на правото и јавниот ред“, додаде Приштина.
SDK