June 13, 2025

Македонското МНР со сочувство до Индија по трагедијата

Од македонското Министерство за надворешни работи денеска упатија сочувство по повод големата трагедија на аеродромот Ахмедабад.

„Со длабока тага ја оплакуваме трагичната несреќа на летот AI171 на Air India од Ахмедабад кон Лондон.

Упатуваме искрено сочувство до Владата на Индија, до министерот за надворешни работи д-р С. Џаишанкар, како и до семејствата и најблиските на сите кои се погодени од овој болен и трагичен настан“, велат од таму.






TV21

Read Previous

Амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, оствари средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски

Read Next

Сиљановска-Давкова ги прими шпанскиот амбасадор и претставниците на ОН и УНДП