May 30, 2025

Селекторот Милевски го објави списокот на фудбалери за квалификациските натпревари против Белгија и Казахстан

Селекторот на фудбалската А репрезентација на Северна Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Белгија и Казахстан.

На претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство Северна Македонија ќе игра против Белгија на 6 јуни во Скопје и против Казахстан на 9 јуни во Астана.

На списокот на селекторот Благоја Милевски единствен дебитант е Стефан Деспотовски од ОФК Белград.

Поради повреда двата меча во мундијалските квалификации ќе ги пропуштат дефанзивците Дарко Велковски и Никола Серафимов, како и фудбалерот од средниот ред, Лирим Ќамили.

Според објавата на веб-страницата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), селекторот Милевски повика 27 фудбалери за двата натпревара.

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Дејан Илиев, Игор Алексовски.

Одбрана: Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Стефан Ашковски, Андреј Стојчевски, Висар Муслиу, Бојан Илиевски, Ѓоко Зајков, Стефан Деспотовски.

Среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Елиф Елмас, Исник Алими, Лука Станковски, Тихомир Костадинов, Агон Елези.

Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Кристијан Трапановски, Давид Тошевски, Димитар Митровски.

AA

Read Previous

Започна заедничката гранична контрола на Јажинце-Глобочица меѓу Северна Македонија и Косово

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на 25 кандидати за градоначалници