May 30, 2025

Ганиу и граѓаните се собраа пред Град Скопје и го фрлија ѓубрето

Вчера, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со група граѓани, пристигнал пред зградата на Град Скопје.

Тие таму го исфрлиле отпадот што го собрале претходно од Старата Чаршија, како знак на протест.

Ганиу изјавил дека Град Скопје со денови не го собирал отпадот од оваа локација, иако, како што посочил, жителите на Чаир редовно ги исполнуваат своите даночни обврски. Тој додал дека Општина Чаир заслужува да биде чиста и достоинствена за живеење.

„Ова што се случува е вистински екоцид врз нашите граѓани. Сме биле оставени затрупани во ѓубре. Но, нема така да остане. Народот ќе реагира и ќе добие одговор – бидејќи сме даночни обврзници,“ рекол Ганиу.

На местото на настанот пристигнала и полицијата.

Read Previous

Амбасадорот на Република Турција во посета на Министерството за Образование 

Read Next

Започна заедничката гранична контрола на Јажинце-Глобочица меѓу Северна Македонија и Косово