May 29, 2025

Продолжува падот во бројот на дипломирани студенти: Лани дипломирале 7021 студент

На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2024 година, дипломирале 7 021 студент, што претставува намалување за 5.4 % во споредба со 2023 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 5 526 односно 78.7 % биле редовни, а 1 495 односно 21.3 % вонредни студенти.

Во рок дипломирале 35 %, а по рокот 65 %.

Жени од вкупно диломираните се 59.4 %.

Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии во 2024 година, 26.5 % дипломирале во областите бизнис, администрација и право.

Овој број е далеку под просекот од претходните години, кога дипломирале по над 10.000 студенти годишно, особено во првата деценија од новиот милениум. Трендот на опаѓање е забележлив уште од 2009 година и не покажува знаци на запирање.





Skopjeinfo

Read Previous

Сопственикот на објектот е нов обвинет за пожарот во „Пулс“

Read Next

Во Белград почнаа официјалните разговори меѓу мисијата на ММФ и српска делегација