
Мицкоски ќе присуствува на поставување камен-темелник во ТИРЗ
Изградбата на првиот производствен капацитет на реномираната турска компанија „Шахтерм“ надвор од матичната земја официјално ќе почне денеска во ТИРЗ Скопје. На свеченоста ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски, симболично означувајќи го почетокот на значајна странска инвестиција во земјава.
Инвестиција од 100 милиони евра и 1000 нови работни места
Согласно договорот потпишан меѓу Дирекцијата за ТИРЗ и „Шахтерм“, инвестицијата е вредна 100 милиони евра. Проектот опфаќа изградба на фабрички објект. Со површина од над 13.000 квадратни метри, како и отворање на 1000 работни места. Покрај тоа, ќе се формира и современ центар за истражување и развој.
„Шахтерм“ – светски играч во системи за греење
Со повеќе од четири децении искуство, „Шахтерм“ е меѓу водечките пет светски компании за производство на системи за греење наменети за бела техника и апарати за домаќинство. Повеќе од половина од годишното производство е ориентирано кон меѓународните пазари, со клиентска листа која вклучува имиња како „Вирпул“, „Горење“, „Беко“, „Кенди“ и „Амика“.
Нов чекор кон индустриски развој и странски инвестиции
Оваа инвестиција претставува нов поттик за македонската економија, особено во делот на индустриското производство, високотехнолошките решенија и отворање квалитетни работни места. Со тоа, ТИРЗ Скопје се позиционира како атрактивна локација за големи и иновативни странски компании.
Lider