May 17, 2025

Обидот за конституирање на косовското Собрание повторно неуспешен

Косовското Собрание повторно не успеа да се конституира, ни по средбата што се одржа оваа недела со претседателката Вјоса Османи за политички консултации со цел надминување на политичката и институционална криза.

Уште еднаш, седницата започна со гласање за формирање ад-хок комисија за тајно гласање за претседател на Собранието, но повеќето партии се спротивставија на оваа комисија со тоа што не предложија свој член.

Од присутните пратеници во салата, само 53 гласа беа за формирање на оваа комисија, еден беше против, додека воздржани немаше.

„Тогаш, се гледаме на 19 мај во 10:30 часот“, изјави претседавачот со седницата, Авни Дехари.

По седницата, лидерот на втората по големина партија, Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи, рече дека ова покажува дека со повторени седници, Движењето Самоопределување нема волја за испорачување решение.

„Недостасува одговорност кон граѓаните кои гласаа за нив и Косово губи секој ден“, нагласи Красниќи.

Од потребните 61 глас, кандидатката на Движењето Самоопределување, Албулена Хаџиу, досега има добиено не повеќе од 57 гласови за претседател на косовското Собрание, од кои 48 се од Движењето Самоопределување, а девет од пратеници од заедниците. Првата конститутивна седница се одржа на 15 април.

На 15 мај, лидерите на четирите албански политички партии во Собранието се сретнаа со претседателката Османи со цел што побрзо деблокирање и формирање на новите институции по изборите на 9 февруари 2025 година. Но, лидерите на политичките партии, со исклучок на Движењето Самоопределување, рекоа дека нема напредок.

Вакви средби претседателката Османи најави и за наредната недела.






AA

Read Previous

Над 15.000 матуранти ќе полагаат државна матура на 31 мај и 11 јуни

Read Next

Сиљановска-Давкова ја прими Беате Мајнл-Рајсингер