мај 14, 2025

Шефовите на дипломатиите на НАТО членките се состануваат во Турција

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО вечерва се среќаваат во Анталија, Турција, на последната рунда разговори на високо ниво пред самитот на западната воена алијанса во Холандија во јуни.

Домаќин на дводневниот состанок, на кој првенствено ќе се разговара за распределбата на средствата за одбрана и иднината на европската безбедност, е турскиот шеф на дипломатијата, Хакан Фидан.

На самитот на лидерите на НАТО во Хаг во јуни се очекува договор за нова цел за трошоците за одбрана, а агенцијата ДПА потсетува дека американскиот претседател Доналд Трамп постојано бара од сојузниците на НАТО драстично да ги зголемат воените трошоци.

Моментално, членките на НАТО се подготвени да издвојат најмалку два проценти од БДП за одбрана, но некои сè уште издвојуваат помалку од тие два проценти. Европските членки на НАТО се соочуваат и со пресвртот на поддршката за Украина од страна на новата американска администрација и последиците од оваа политика за европската безбедносна архитектура.

Во Анталија ќе пристигне и американскиот државен секретар Марко Рубио.

TV21

Read Previous

Одлука на Влада за финансирање изградба и опремување на 30 училишни спортски сали и реконструкција на училишта

Read Next

По модернизација на пругата од Коридорот 10 возовите ќе возат со 160 км/ч