
На денешната 74-та седница, Владата ја одобри информацијата за обезбедување финансиско учество од буџетот за реализација на кредитот наменет за подигнување и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта, како и за реновирање на постојните училишта.
Како што соопшти владината прес-служба, Министерството за образование и наука го спроведува проектот – Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта.
„Неговата цел е да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците.“
Подигнувањето на училишни спортски сали претставува дел од владината програма и е уште еден од проектите кои влегуваат во фаза на реализација.
„За таа цел, Владата ја разгледа и усвои информацијата за обезбедување буџетско учество за реализација на заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта и даде согласност за преземање обврски за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во 2026, 2027, 2028 и 2029 година за заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта“, се наведува во официјалното известување.
Biznisvesti