
На плоштадот Македонија попладнево герила акција на момче кое се залепи за бандера со самолеплива лента.
Најпрво не сакаше да каже ништо пред да дојдат новинарите, а потоа кажа дека тоа го сторил поради трагедијата во Кочани.
„Толку брзо ли не заборавивте?“, праша тој.
„Не сме арни ние во Кочани. Разберете, треба да се направи нешто за тој град. Работата ќе оди полошо ако не се преземе ништо. Мене ми загинаа пет другари и некој не прашува дали нема да ми биде срам ако сум врзан. Јас сум врзан веќе духовно, морам да направам нешто за градот“, рече тој.
TV21