мај 9, 2025

Санкционирани 777 лица за еден ден

Во рамки на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле издадени 777 платни налози, информираше МВР.

„Статистичките показатели од аспект на законските одредби врз основа на кои се детектирани сторените прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, остануваат и понатаму идентични како и претходно, па така најбројни се прекршоците за непрописно паркирање 256, а потоа прекршоците по основ на возење со брзина поголема од дозволената 175.

Покрај ова, вчера регистрирани се и 69 учесници во сообраќајот кои што не поседувале возачка дозвола, во девет случаи откриени се возачи под дејство на алкохол, шестмина возачи минале на црвено светло, а санкционирани се и 25 пешаци.

Исто така, по основ на неносење сигурносен појас изречени се 44 прекршочни платни налози, санкционирани се 11 возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига, а по основ на користење мобилен телефон при возење изречени се 28 платни налози. Од сообраќај, пак, се исклучени вкупно 22 возила од кои осум биле технички неисправни а 14 биле нерегистрирани“, се вели во соопштението на полицијата.

Од МВР додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат на почитување на сообраќајните правила и прописи.





Skopjeinfo

Read Previous

Туркије ќе ја преземе командата на КФОР по втор пат во октомври 2025 година

Read Next

Мицкоски со честитка по повод Денот на Европа