
Туркије повторно ќе ја преземе командата над Косовските мировни сили (КФОР) во рамките на НАТО почнувајќи од октомври 2025 година, за период од една година.
Веста ја објави контраадмиралот Зеки Актурк, советник за печат и односи со јавноста во турското Министерство за одбрана, на прес-конференција, нагласувајќи дека Туркије ќе продолжи да придонесува за меѓународната безбедност и стабилност.
„Во периодот октомври 2023-2024 година, Туркије успешно ја исполни должноста на командата на КФОР и сега е потврдено дека ќе ја извршува оваа должност по втор пат, почитувајќи ги одлуките на НАТО и Обединетите нации“, рече Актурк.
„Нашата земја, и во минатото, денес и во иднина, ќе продолжи да дава важен и одлучувачки придонес кон безбедноста на Евроатлантскиот Регион. Ќе ја извршиме оваа задача со целосна транспарентност и непристрасност, исполнувајќи ги сите меѓународни одговорности“, рече Актурк.
Актурк, исто така, објави дека за прв пат во историјата на НАТО, турски генерал е избран на важната позиција „директор за соработка и безбедност“ во седиштето на НАТО во Брисел.
Овој развој на настаните „се смета за јасен показател за важната улога на Туркије и континуираниот придонес кон безбедноста и стабилноста на НАТО“, рече турскиот контраадмирал.
Генерал-мајор Озкан Улуташ беше командант на КФОР од октомври 2023 до октомври 2024 година, кога му ја предаде оваа должност на италијанскиот генерал-мајор Енрико Бардуани.
AA