мај 8, 2025

Дурмиши: Секојдневно ги следиме цените – нема да дозволиме злоупотреби на пазарот

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши на денешната прес-конференција информираше за последните податоци на Државниот завод за статистика за инфлација во април.

„Сите знаеме дека во време на економска криза, секој денар е важен. И секоја промена на пазарот директно се одразува врз секојдневниот живот на нашите граѓани – во лебот што го купуваме, во маслото, шеќерот или хигиенските производи. Затоа, како Министерство за економија и труд, од првиот ден сме посветени на заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување стабилност на цените. Благодарение на мерките преземени од почетокот на годината – вклучувајќи го ограничувањето на маржите на прехранбени и хигиенски производи – денес имаме конкретни резултати“, рече Дурмиши.

Подвлече дека „официјалните податоци покажуваат дека инфлацијата за месец април е практично нула во споредба со март, 0.6% зголемување. Во споредба со април минатата година, инфлацијата изнесува 2,6%, а цените на храната се речиси непроменети – само 0,3% годишен раст, и намалување од -1,3% во споредба со декември 2024“.

„Ова се факти што покажуваат дека економијата е постабилна, и граѓаните не се соочуваат со неподносливи поскапувања. Но, тука нема да застанеме. Во соработка со Државниот пазарен инспекторат, секојдневно ја следиме динамиката на цените. Досега нема значително зголемување по завршувањето на мерката. Но, доколку некој се обиде да ја злоупотреби ситуацијата – ќе реагираме веднаш. И реакцијата ќе биде решителна. Можеме да ја прошириме листата на производи со ограничени цени. Да воведеме маржи за сите производи или да ги зголемиме постојните ограничувања“, посочи министерот Дурмиши.




TV21

Read Previous

Литванија и Естонија им забранија прелети на Фицо и Вучиќ на пат кон Москва

Read Next

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена