мај 8, 2025

Одбележување на Денот на македонската полиција

Денес во 09:30 часот во Центарот за обука на МВР во Идризово (на спортското игралиште) ќе се одржи централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција 7-ми Мај.

На настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.

На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Македонија. Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.





Skopjeinfo

Read Previous

Хрватскиот претседател Милановиќ пристигна во Скопје, пречекан со државна церемонија од претседателка Сиљановска-Давкова

Read Next

Европратениците денеска гласаат за извештајот за Србија