мај 8, 2025

Хрватскиот претседател Милановиќ пристигна во Скопје, пречекан со државна церемонија од претседателка Сиљановска-Давкова

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, пристигна во официјална посета во Скопје, каде што беше пречекан од претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателката во Вила Водно.

По официјалниот прием, Милановиќ и Сиљановска-Давкова ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и хрватската делегација. По средбите, двајцата претседатели ќе се обратат на заедничка прес-конференција.

Во рамките на официјалната посета, како што е најавено, претседателот Милановиќ, придружуван од претседателката Сиљановска-Давкова​​​​​​​, ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.





AA

Read Previous

Во Владата средба меѓу Мицкоски и лидерите од Вреди

Read Next

Одбележување на Денот на македонската полиција