мај 6, 2025

Турскиот министер за трговија Болат се сретна со македонската министерка за финансии Кочовска

Министерот за трговија на Туркије, Омер Болат, зборувајќи за состанокот што го имаше со министерката за финансии на Северна Македонија, Гордана Димитриеска-Кочовска, истакна: „Се договоривме за средба на технички делегации што би разговарале за соработка, олеснување на трговијата и споделување податоци за анализа на ризик“.

Турскиот министер во објавата на својот профил на социјалните мрежи наведе дека имал меѓуделегациски состанок со министерката Кочовска во турското Министерство за трговија.

Наведувајќи дека се согласиле да го зголемат обемот на билатералната трговија, Болат додаде:

„За време на состанокот се согласивме да собереме технички делегации што би разговарале за соработка, олеснување на трговијата и споделување податоци за анализа на ризик. Освен тоа, дадовме и нова заедничка изјава за добра волја за техничка соработка, слободни зони и трговија со ХАЛАЛ-храна.“

Наведувајќи дека Северна Македонија е еден од важните партнери на Туркије на Балканот, министерот Болат во објавата истакна:

„Му придаваме големо значење на зајакнувањето на нашите врски со Северна Македонија на економско и трговско поле, како и во сите други области. Се надевам дека нашата средба одржана во овој контекст ќе придонесе за зајакнување на билатералните односи и партнерствата меѓу нашите деловни кругови.“

AA

Read Previous

Средбата Мицкоски – Таравари заврши без конечен епилог