април 29, 2025

Протестен марш во Скопје – дел од родителите се сретнаа со државниот јавен обвинител

Родителите на загинатите во Кочани маршираа од Јавното обвинителство до Собранието. Тие бараат правда за трагедијата во дискотеката Пулс. На покана од Обвинителството, дел од родителите со фотографии од своите деца влегоа на средба со државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски каде беа запознаени со досегашната истрага и прибавените докази. Обвитњлството има рок уште два месеци да ја заврши истрагата. Родителите побараа и средба со пратениците.

-Господава кои седат внатре имаат свои ПР служби и портпароли кои треба да говорат во нивно име. Па бараме барем толку да не удостојат, ако тие ешалони не можат со оваа проста раја да се сретнат, нека ни ги пуштат тие, нив ќе им кажеме нашите барања, не бараме ништо повеќе. Само да им поставиме неколку прашања…и да си дадат оставка. Бараме одговори на прашањата на кои веќе 40 дена немаме, вели мајка на загинато дете.





TV21

Read Previous

Тошковски ќе се сретне со семејствата на загинатите во Кочани