април 30, 2025

Запалена куќата на директорот на Управата за извршување на санкции

Запалена е куќата во скопско Зелениково на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.

Како што вели, ова е цената за удирање по мафијата.

„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!

Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!

Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“, вели Пандов.

TV21

Read Previous

Протестен марш во Скопје – дел од родителите се сретнаа со државниот јавен обвинител

Read Next

Во Скопје се одржаа 9. Балкански денови на анестезијата