
Србија и Унгарија во Белград потпишаа договор за стратешка соработка во областа на одбраната. Клучни елементи на договорот се можноста за заеднички вежби и воено-техничка соработка во набавката на оружје.
Ова е операционализација на сличен договор што двете земји го потпишаа во 2023 година. Како што беше речено, за годинава се планирани 79 заеднички активности, за разлика од 2023 година кога беа реализирани 48.
Српскиот претседател Александар Вучиќ се надева дека овој договор е чекор поблиску до создавање воен сојуз меѓу Србија и Унгарија.
Vecerprees