април 2, 2025

Од средината на април стартува заедничката гранична контрола на преминот Блаце – Елез Хан

Министерството нагласи дека заедничката гранична контрола има цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли.

Министерството за внатрешни работи ја информираше јавноста дека од 14 април официјално започнува со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заедничкиот граничен премин Долно Блаце – Елез Хан, од каде што истакнаа дека чекорот претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Косово.

Министерството нагласи дека заедничката гранична контрола има цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли.

На 4 јули 2023 година Владата на Северна Македонија го одобри текстот на договорот меѓу Косово и Северна Македонија, со кој се овозможи создавање заеднички граничен премин меѓу двете земји.

AA

Read Previous

Мицкоски: Од денес започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари за сите пензионери

Read Next

Србија и Унгарија потпишаа договор за одбранбена соработка, Вучиќ најави воен сојуз