март 25, 2025

Мицкоски го посети семејството нa починатиот возачот на Брзата помош

Премиерот Христијан Мицкоски денес го посети семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош. Како што напиша премиерот на социјалните мрежи тој покажал пожртвуваност што нема цена откако цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани.

„Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои! Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме. Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните. Вечна ти слава, Иле“, напиша Мицкоски.




Skopjeinfo

Read Previous

Македонија во црни дресови против Лихтенштајн – фудбалерите ќе играат во чест на жртвите од Кочани

Read Next

Муцунски најави дека идната недела ќе се вратат дома дел од тешко повредените пациенти кои се лекуваат во странство

Most Popular