март 23, 2025

Македонија во црни дресови против Лихтенштајн – фудбалерите ќе играат во чест на жртвите од Кочани

Дури и фудбалерите на репрезентација се тажни поради трагедијата во дискотеката во Кочани. Тешко ќе им биде да најдат мотив за да играат фудбал, но велат дека ќе играат во чест на жртвите и повредените. Тимот пристигна овде во Вадуц, Лихтенштајн, каде ќе се соочи со репрезентацијата на оваа земја во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

-Моето сочуство до семејствата кои беа опфатени од оваа трагедија. Многу сум вознемирен од тоа што се случи таму. Имаше многу изгубени животи. Верувам дека во оваа држава во која што живееме треба да дадеме многу љубов, да се поддржуваме меѓу себе и да се обидеме да се помогнеме меѓусебно, изјави Енис Барди, фудбалер.

Инаку, со овој натпревар Македонија го започнува квалификацискиот циклус за следното Светско првенство. Црвено-жолтите се во групата Ј заедно со Белгија, Казахстан, Лихтенштајн и Велс.

Натпреварот Лихтенштајн – Македонија ќе се одигра во сабота со почеток во 15 часот на стадионот Рајн Парк во Вадуц.

Најавено е дека фудбалерите ќе излезат на терен облечени во црни дресови во знак на почит кон жртвите.

TV21

Read Previous

Финансиската полиција проверува дали дискотеките низ државата работат легално

Read Next

Мицкоски го посети семејството нa починатиот возачот на Брзата помош