
Амбасадорот на Република Туркије Н.Е. Фатих Улусој на 17.03.2025 ја потпиша книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија за лицата кои ги загубија своите животи за време на пожарот во Кочани. Амбасадорот потоа оствари средба и со Државниот секретар на наведеното Министерство Елена Кузманоска при што изрази сочуство, како и желби за побргу закрепнување на повредените лица.
Туркије како и во минатото, секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Северна Македонија.
Во Амбасадата на Република Туркије спуштено е на пола копје турското знаме во знак на почит. Воедно, амбасадата и сите други турски институции и установи во земјата ги одложија или пролонгираа нивните настани во текот на деновите на жал.
Претседателот на Република Туркије, Реџеп Тајип Ердоган упати писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски.

– Со длабока жал ја примив веста за лицата кои загинаа и се повредија при пожар што се случи во градот Кочани, Северна Македонија. изразувам сочувство до Вашата Државничка Висост и сите граѓани на братска и пријателска Северна Македонија, на чело со блиските на загинатите, додека на ранетите им посакувам брзо заздравување – се вели во писмото од турскиот претседател Ердоган.
Воедно, и министерот за надворешни работи на Република Туркије Н.Е. Хакан Фидан упати писмо со сочуство до министерот за надворешни работи надворешна трговија на Република Северна Македонија Н.Е. Тимчо Муцунски.

Министерството за надворешни работи на Република Туркије на 16 март излесе со изјава во врска со трагичниот пожар настанат во Кочани, Северна Македонија:
„Длабоко сожалуваме за изгубените животи во пожар кој се случи денес (16 март) во Кочани, Северна Македонија.
Изразуваме сочуство до блиските на жртвите и целиот народ на Северна Македонија, додека на повредените им посакуваме брзо закрепнување.“
Туркије беше меѓу првите земји која испрати и авиони со цел на пренесување на повредените кои беа во тешка состојба. Дента на 16 март, со воен авион 6 (шест) пациенти беа пренесени во Анкара во Градската болница Билкент, додека со амбуантен авион 3 (три) пациенти беа пренесени во Истанбул во болницата Чам Сакура.


Амбасадорот на Туркије во Скопје Фатих Улусој ги приджуваше ранетите на Меѓунариодниот Аеродром при нивното заминување од Скопје.

Министерот за здравство на Туркије Кемал Мемишоглу во својата објава на социјалните мрежи го истакна следново: „Со длабока тага ја примивме веста за починати и повредени лица при пожарот кој се случи во Кочани, Северна Македонија. По официјалните контакти веднаш превземавме конкретни чекори.
9 повредени пациенти од пожарот кој се случи во градот Кочани, Северна Македонија, ќе бидат третирани во Туркије.
Поаѓајќи од начелото дека човекот секогаш е на прво место, ја пружиме раката на помош до нашите пријателски балкански земји. Им посакувам брзо заздравување и упатувам срдечно сочуство до народот на Северна Македонија.“
Во случај да има барање од властите на Северна Македонија, Туркије е спремна дополнително да прими повредени од трагичниот настан во Кочани.