
Државниот пазарен инспекторат спровел 50 инспекциски контроли во објекти регистрирани како кабареа и диско-клубови, при што е установено дека15 објекти немале лиценци или им биле со истечен рок.
Надлежните во Северна Македонија соопштија дека затвориле 15 угостителски објекти по смртоносниот пожар во дискотеката во Кочани, во кој загинаа 59 лица, јавува Анадолу.
Портпаролката на Владата, Марија Митева, соопшти дека угостителските објекти, главно кабареа, ноќни и диско-клубови, се затворени бидејќи не поседувале важечки лиценци за работа.
Таа на прес-конференција истакна дека Државниот пазарен инспекторат спровел 50 инспекциски контроли во објекти регистрирани како кабареа и диско-клубови, при што е установено дека само 22 имаат валидна лиценца, додека 15 објекти немале лиценци или им биле со истечен рок.
Државниот пазарен инспекторат на сите нелиценцирани објекти им одредил забрана за вршење на дејност.
Во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, предизвикан од пиротехнички средства, животот го изгубија 59 лица, а повредени се над 150 лица, од кои најмалку 20 се во сериозна состојба.
Утврдено е дека ноќниот клуб не поседувал лиценца за работа.
Во Северна Македонија, поради смртоносниот пожар прогласена е седумдневна жалост.
AA