февруари 22, 2025

Венко Филипче е единствениот кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март

Централната комисија утврди еден кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март се вели во партиското сооштение. Од таму додаваат дека претседателот Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на СДСМ на редовните внатрепартиски избори

„Комисијата одржа седница за разгледување на поднесените кандидатури за Претседател на СДСМ и утврдување на листа кандидати за редовните внатрепартиски избори. Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ:

1. Венко Филипче

Одлуката на Комисијата ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмата на кандидатот а ќе биде доставена и до сите Општински изборни комисии“, додаваат од СДСМ.

Од партијата потенцираат дека тие се единствената партија во земјата во која што членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите.

Skopjeinfo

Read Previous

Поранешен европски шампион во бокс ранет во пукање во Белград