
Три часа по полноќ М.Д.(36) и М.А.(31) биле донесени во Ургентниот центар во Белград, откако биле ранети во пукотница во познат ресторан во Белград.
Во пукотницата што се случила во петокот во раните утрински часови во Белград, биле ранети двајца мажи, од кои едниот германскиот боксер Марио Дасер, јавуваат српските медиуми.
Дасер има 37 години и е германски професионален боксер кој ја освои европската титула на ВБО во крузер категорија во 2017 година.
Тој бил донесен во Итната помош околу 4 часот по полноќ со две прострелни рани во потколеницата. Тој е ранет во ресторан во Палилула, а потврдено е дека се работи за двајца напаѓачи, пренесува Спорт Клуб.
Во неговата спортска кариера, Дасер имаше 13 борби од 2009 до 2017 година и од сите излезе како победник.
Пред три години се зборуваше за негово враќање во рингот, но Дасер веќе направи јасна промена во кариерата и се пресели во индустријата за монтажни конструкции. Исто така, медиумите во Германија пишуваа за него како милионер.