февруари 13, 2025

Дејан Георгиевски освои сребро на меѓународен таеквондо турнир во Турција

Македонскиот најдобар спортист Дејан Георгиевски сезоната ја започна со освојување на сребрен медал на еден од најсилните турнири во светот, Турција Опен Г2.

Нашиот таеквондист обезбеди значителни поени за олимписка норма со три фуриозни победи над ререзентативци на Турција, Узбекистан и полуфинале против еден од најдобрите таеквондости во светот Хамидреза Бадријалијабади репрезентативец на Азербејџан.

Во финалето Георгиевски претрпе тесен пораз од репрезентативецот на Узбекистан Мавловов Марат со 2:1.

Турција ОПЕН Г2 годинава се одржува во Анталија, присутна е цела олимписка таеквондо елита. Традиционално овој турнир значи за еден од најсилните во светот.

Свој настап кај сениорите имаше и Филип Блажевски од ТКД Бутел, кој започна со победа над домаќин од Турција, но загуби во второто коло. За жал, како што информираат од Македонската Таеквондо Федерација, Милијана Релиќ не успееа да ја помине вагата, па и посакуваат успех понатака.

Нашите репрезентативци на Турција Опен беа предводени од помошник селекторот Стефан Костовски.



Skopjeinfo

Read Previous

Претседателот на Собранието, Гаши, оствари средба со специјалниот претставник на Словенија, Фрагнеш

Read Next

Бугарското МНР со остра реакција на изјавите на Мицкоски