февруари 11, 2025

Косовскиот премиер Албин Курти прогласи победа на парламентарните избори во земјата

Ние сме први, ова е потврда за нашето добро и просперитетно, демократско и прогресивно владеење… Нашата победничка коалиција ќе формира нова влада и ќе ја продолжиме започнатата работа.

Косовскиот премиер, воедно и кандидат за нов мандат на оваа позиција од Движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави дека неговата партија е победник на денешните парламентарни избори во земјата, јавува Анадолу.

Во обраќањето од седиштето на Движењето Самоопределување во Приштина, Курти им се заблагодари на гласачите на неговата партија, како и на коалиционите партнери, Листата Гусо и партијата Алтернатива.

„Ние сме први, ова е потврда за нашето добро и просперитетно, демократско и прогресивно владеење. Ви благодарам многу на сите. Нашата победничка коалиција ќе формира нова влада и ќе ја продолжиме започнатата работа, како и многу други, согласно нашите обврски.“

– Движењето Самоопределување продолжува да води со освоени 41,99 отсто од гласовите –

Според податоците на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) објавени на официјалната веб-страница, од 73,04 отсто преброени гласови, Движењето Самоопределување и понатаму води со освоени 41,99 отсто од гласовите.

По него, на второ место е Демократската партија на Косово (ПДК) со освоени 22,68 отсто.

На трето место е Демократската лига на Косово со освоени 17,90 отсто од гласовите.

Коалицијата на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Нисма доби 7,56 отсто, додека Српска листа 2,98 отсто.

AA

Read Previous

Неготино ѝ оддаде почит на Фросина и на жртвите на сообраќајно насилство

Read Next

Пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники