![](https://timebalkan.mk/wp-content/uploads/2025/02/3c917144-0cb8-46ff-b12c-f7129590a586.jpg)
На плоштадот во Неготино попладнево родителите на Фросина Кулакова, жртва на тешка сообраќајна несреќа на „Партизанска“ во Скопје како и граѓани, роднини и пријатели запалија свеќи и одржаа мирен протест барајќи правда за прерано згаснатиот живот.
Таткото на Фросина, скршен од тага и болка запали свеќа на протестниот марш кој денеска се одржува во Неготино под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“.
На протестот пристигнаа и роднини на други жртви во сообраќајот кои со години се во неизвесност во судниците и очекуваат судот виновниците за сообраќајните незгоди со смртни последици да ја добијат предвидената казна со закон, а органите на прогонот и надлежните инстанци во разумен рок да ги завршуваат судските процеси против сторителите на тешки кривични дела во сообраќајот.
Таткото на скопјанецот Столе Ангеловски загина во тешка сообраќајна несреќа на пешачки премин под Кале во 2022 година и оттогаш трае неговата голгота за правда за сторителката од Куманово, чија ќерка години пред тоа исто така загина во сообраќајна несреќа.
Денес дојдовме тука да изразиме поддршка на овој протест, поддршка за Фросина, поддршка за татко ми, поддршка за сите жртви што настрадале во сообраќајки. Нашиот судски процес го тераме се уште, се бориме, после цели три години, вратен е повторно на почеток и се надеваме на правда и бараме правда. Во првичната пресуда иако според членот по кој се гони обвинетата е минимум 4 години, таа доби 3 години, рече Ангеловски.
Slobodenpecat